НАСОЧЕНИ КОН ИДНИНАТА И НАПРЕДОКОТ
ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ
Нашиот фокус е насочен кон иднината и напредокот за целосно да ја оствариме нашата визија.
Се стремиме да создадеме љубопитни ученици што секогаш размислуваат критички и не се воздржуваат да направат предизвикувачки претпоставки.
Во текот на нивното образование, заедно со стекнатото знаење и искуство, учениците, исто така, ги учат нашите основни вредности:
- Транспарентност
- Одговорност
- Интегритет
- Професионализам
- Упорност
- Почит
- Правичност
- Тимска работа
- Лидерство
- Доверба
- Разновидност

НИЕ СОЗДАВАМЕ
- позитивна, енергична и инспиративна средина за учење каде што учениците се ценети и се мотивираат да го прифатат концептот на доживотно учење;
- безбедна и среќна средина за учење каде што сите ученици ќе бидат успешни, ќе создаваат пријателства, ќе градат почит и самопочит и каде што секој ги почитува и цени различните таленти и различното културно наследство.
НИЕ ОБЕЗБЕДУВАМЕ
- средина каде што секој е вреднуван и почитуван и секој член на училиштето е посветен кон подготвување на учениците за нивното понатамошно образование и истовремено да ги поттикне да ги прифатат тековните и идните предизвици за да развијат социјална свесност, граѓанска одговорност и личен развој.
НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ
- даваме знаење и вештини што ќе им помогнат да станат одговорни и независни личности;
- нудиме програми што се насочени кон ученикот.
НИЕ ГО ПРЕПОЗНАВАМЕ
- потенцијалот на учениците и им помагаме да го развијат
НИЕ ГИ ПОТТИКНУВАМЕ
- нашите ученици да бидат љубопитни и да го развијат критичкото размислување.
НИЕ ГИ ПОДГОТВУВАМЕ И ГИ МОТИВИРАМЕ
- учениците да се соочат со светот што се менува преку поттикнување на вештините за критичко размислување и развивање на почит за важните вредности, како што се чесност, лојалност, упорност и емпатија.
НИЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ
- разликите и индивидуалноста на учениците како средство за збогатување на заедницата;
- самодовербата и иновативните умови на учениците;
- талентите на секој ученик, нивната креативност и индивидуалност.
НИЕ ГИ ОТСТРАНУВАМЕ
- сите препреки за учење и создаваме и користиме средина за учење која отвора нови видици.
НИЕ ГИ ЦЕНИМЕ
- постигнувањата и потенцијалот на учениците;
- богатството и разновидноста на образованието;
- позитивните врски;
- личниот развој, социјалната одговорност и чувството на самовреднување.
АКРЕДИТАЦИЈА
- Меѓународно училиште Скопје акредитирано од Владата на Република Северна Македонија со Одлука бр. 40-13326/1-21 од 22.2.2022 година и е со Решение за верификација бр. 13-2618/4 од 5.5.2022 година од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.