КОМПЕТИТИВНА ОБРАЗОВНА СРЕДИНА

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ

Меѓународно училиште Скопје е компетитивна образовна установа каде што учениците ги развиваат своите таленти и потенцијали.

Меѓународно училиште Скопје ја зголемува самодовербата, отвореноста и толерантноста заедно со креативноста, посветеноста и истражувањето. Го мериме нашиот успех според целокупниот личен развој на учениците. Ја земаме предвид индивидуалната работа на секој ученик и ја насочуваме кон нивниот талент и лични амбиции.

Нашиот образовен процес дава извонредни резултати бидејќи се фокусираме на следните суштински вредности на образованието:

– Станете најдобра верзија од себе – дадете сè од себе за целосно да ги искористите вашите способности и потенцијали и уште повеќе да ги проширите;

– Бидете присутни – ангажирајте се и физички и психички за целосно да го искусите тековниот процес на учење;

– Вклученост – вклучете се во активностите во кои ќе се вложувате и ќе научите нови вештини со учество во воннаставните активности поврзани со процесот на учење, како и со реалната потреба на вашата заедница.

РАЗВОЈ НА ВРСКАТА
МЕЃУ СЕМЕЈСТВОТО И УЧИЛИШТЕТО

РАЗВОЈ НА ВРСКАТА МЕЃУ
СЕМЕЈСТВОТО И УЧИЛИШТЕТО

УЧИЛИШТЕ НАСОЧЕНО КОН СЕМЕЈСТВОТО

Важен дел од нашиот образовен процес е вклученоста на семејствата на нашите ученици. Веруваме дека е од голема важност за учениците да почувствуваат дека има силна поврзаност меѓу домот и училиштето. Нашите програми и наставните планови се така направени што некои активности имаат посебна цел да ја развијат врската меѓу семејството и училиштето соодветно вклучувајќи го семејството во образовниот процес на ученикот.

РАЗВИВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ И СПОСОБНОСТИ

РАЗВИВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ И СПОСОБНОСТИ

ГО ПОТТИКНУВАМЕ И ГО НУДИМЕ НАЈДОБРОТО

Меѓународно училиште Скопје го поттикнува и го нуди најдоброто.
Нашиот образовен процес им го нуди на учениците она што е индивидуално најдобро за нив и го извлекува најдоброто од нив. Секој ученик добива насоки за да ги развие своите лични интереси и способности и, според сопствените потреби и постигнувања, на сите ученици им е понудена најдобрата опција. Преку нивно поттикнување да ги развијат своите потенцијали и истовремено да бидат креативни во текот на процесот, на учениците им ја нудиме најдобрата опција за средно образование во земјата.

СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

МЕЃУНАРОДНО И ГЛОБАЛНО НАСОЧЕНО УЧИЛИШТЕ

Програмите и наставните планови се специјално дизајнирани за учениците да го изберат сопствениот пат во животот. Без разлика дали ќе го продолжат образованието во нашата или во друга земја, ние обезбедуваме соработка со универзитети од целиот свет и им нудиме можност да го прошират своето знаење и да си го пробијат патот. Секој ученик остава траг во нашето училиште. Нашите ученици подоцна го претставуваат нашето училиште и неговите успеси во светот.

УРАМНОТЕЖЕНОСТ МЕЃУ АКАДЕМСКОТО ПОСТИГНУВАЊЕ И КРЕАТИВНОСТА

УРАМНОТЕЖЕНОСТ
МЕЃУ АКАДЕМСКОТО
ПОСТИГНУВАЊЕ И КРЕАТИВНОСТА

НАШАТА ПРИКАЗНА

Меѓународно училиште Скопје нуди средина што ги урамнотежува академското постигнување и креативноста и совршено ги поврзува теоретските вредности со прагматичното размислување и дејства.

Оваа средина ги поткрепува неверојатните постигнувања и успеси бидејќи природниот потенцијал на учениците постојано се потхранува и се развива.

Ние го поддржуваме секој ученик и го поттикнуваме да биде инстинктивен, оригинален и да работи на својот вистински потенцијал. Ние ја градиме самодовербата и ги мотивираме учениците да ги прошират своите видици, како и да ги вреднуваат своите постигнувања и напредок.