Меѓународно училиште Скопје

ПОДГОТВЕТЕ СЕ – СВЕТОТ ЧЕКА НА ВАШИТЕ УСПЕСИ

  • Оригинален и компетитивен начин на учење, кој ги развива потенцијалите и карактеристиките на секој ученик.
  • Специјално дизајнирани програми и наставен план што им помага на учениците самите да го изберат својот професионален пат.
    Средина во која секој е почитуван и ценет.
  • Ве очекува свет полн со можности.
  • Ние во Меѓународно училиште Скопје се залагаме за успешно образование и веруваме дека нема ограничувања кога се работи за нешта што може да ги оствариме за себеси и за другите.

СОНУВАЈТЕ. ВЕРУВАЈТЕ.
УЧЕТЕ. РЕАЛИЗИРАЈТЕ.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Мисија

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА НАШАТА МИСИЈА

Визија

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА НАШАТА ВИЗИЈА

Мисија

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА НАШАТА МИСИЈА

Визија

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА НАШАТА ВИЗИЈА

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ!

Учениците и нивните родители се соочуваат со важна одлука кога станува збор за избирање на вистинското училиште.

Ние во Меѓународно училиште Скопје нудиме образование што не само што ќе им даде можност на учениците да ги изучуваат предметите, туку образование што ќе им помогне да откријат кои се, што сакаат да станат, кои се нивните потенцијали и ќе ги подготви за светот со кој ќе се соочат.

Како училиште имаме одговорност да ги насочиме, инспирираме и поттикнеме нашите ученици. Поради тоа, Меѓународно училиште Скопје се фокусира на тоа да им всади безвременски вештини, соработка и комуникација. Кога знаеме дека учениците ги имаат сите потребни вештини, можат да покажат одлични резултати во секое поле од животот. Развивањето на овие вештини бара солидно менторство и средина што ја поттикнува креативноста и го вреднува придонесот на учениците.

 

Меѓународно училиште Скопје не е пасивно училиште. Напротив, тоа е место за ентузијастични ученици што навлегуваат длабоко во темата и ги истражуваат идеите. Веруваме дека образованието на нашите ученици треба да вклучува детално истражување на широк спектар предмети и можности.

Како училиште насочено кон семејството, сметаме дека учениците и нивните семејства се дел од училиштето, дел од заедницата и се стремиме да го дадеме само она што е најдобро за нив.

Кога се наоѓате на крстопат за да изберете средно училиште, ви препорачуваме да видите што имаме да понудиме и да земете предвид дека нашата цел е да ви помогнеме да се соочите со современиот свет и со неговите барања.

НЕКОИ ОД НАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ