Безбројни можности за учење

НАСТАВА

Добре дојдовте во Меѓународно училиште Скопје!
Учениците може да најдат безбројни можности за учење и следење на предметите за кои се заинтересирани.
Нудиме современи програми што се скроени според потребите на учениците.

НАСТАВЕН ПЛАН

Учениците имаат можност да направат избор уште на почетокот од средното образование и да го изберат патот што ќе го следат. Ние нудиме широк спектар на предмети од кои учениците може да избираат и особено се грижиме секој ученик да ги спознае своите квалитети и да работи кон остварување на личните цели.

Бидејќи сметаме дека образованието е многу повеќе од само стекнување знаење, им нудиме можност на учениците да созреат лично како поединци и да остварат големи нешта.

Нашите наставни планови и програми се внимателно дизајнирани така што секој ученик има можност да ги следи своите афинитети, да направи разлика и да стекне храброст да истражува нови предмети и теми.

Ние во Меѓународно училиште Скопје сметаме дека општата благосостојба на учениците е мошне важна. Академските програми и наставни планови се дизајнирани за да им дадат предизвици на оние ученици што имаат одлични резултати по некои предмети и, исто така, да им дадат поддршка на оние што имаат тешкотии со совладување на материјалот на некои предмети.

Клубовите се отворени за оние што сакаат да го прошират знаењето, а за оние кои имаат тешкотии со одреден предмет организирана е дополнителна настава.

Бидејќи ги водиме учениците кон иднината, соработуваме со универзитети од Европа и од САД што ќе им овозможи на учениците да го продолжат образованието на светски признаен универзитет.

НАСТАВЕН ПЛАН

Учениците имаат можност да направат избор уште на почетокот од средното образование и да го изберат патот што ќе го следат. Ние нудиме широк спектар на предмети од кои учениците може да избираат и особено се грижиме секој ученик да ги спознае своите квалитети и да работи кон остварување на личните цели.

Бидејќи сметаме дека образованието е многу повеќе од само стекнување знаење, им нудиме можност на учениците да созреат лично како поединци и да остварат големи нешта.

Нашите наставни планови и програми се внимателно дизајнирани така што секој ученик има можност да ги следи своите афинитети, да направи разлика и да стекне храброст да истражува нови предмети и теми.

Ние во Меѓународно училиште Скопје сметаме дека општата благосостојба на учениците е мошне важна. Академските програми и наставни планови се дизајнирани за да им дадат предизвици на оние ученици што имаат одлични резултати по некои предмети и, исто така, да им дадат поддршка на оние што имаат тешкотии со совладување на материјалот на некои предмети.

Клубовите се отворени за оние што сакаат да го прошират знаењето, а за оние кои имаат тешкотии со одреден предмет организирана е дополнителна настава.

Бидејќи ги водиме учениците кон иднината, соработуваме со универзитети од Европа и од САД што ќе им овозможи на учениците да го продолжат образованието на светски признаен универзитети.