СВЕТОТ ЧЕКА НА ВАШИТЕ УСПЕСИ

СВЕТ ПОЛН СО МОЖНОСТИ

Група талентирани и искусни наставници и едукатори ги развиваат многубројните способности и таленти на учениците. Спортувањето, музичките и уметничките таленти и способности се стимулираат и им се придава особена важност. Се препознаваат дури и најскриените способности и таленти и дополнително се развиваат.

Надвор од училницата има огромен свет полн со можности кој чека да биде истражен и, без разлика дали се работи за музичка или уметничка форма, или ако ученикот покажува афинитети кон спортските активности, Меѓународно училиште Скопје им дава можност да го препознаат талентот и да работат на него.

Освен таквите способности, Меѓународно училиште Скопје дава можност за волонтирање и за личен развој со тоа што ќе се влијае позитивно врз нечиј живот.

УМЕТНОСТА И МЕЃУНАРОДНО
УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ

ВИЗУЕЛНА И СЦЕНСКА
УМЕТНОСТ

Ние во Меѓународно училиште Скопје сметаме дека креативноста е важен дел од развојот на учениците, па според тоа, Одделот за уметност при Меѓународно училиште Скопје е центар каде што креативноста и индивидуалноста на учениците се поттикнува, самодовербата се зголемува, идеите се развиваат и реализираат.

Одделот за уметност е насочен кон поединецот и веруваме дека кога се добиваат насоки еден на еден и кога се дава мотивација, поголема е можноста да се развие талентот и учениците покажуваат неверојатни резултати. Нашата настава се фокусира на индивидуалноста, а нашата цел е да ги насочуваме учениците и да ги надградуваме нивните лични квалитети. Така, како дел од Одделот за уметност при Меѓународно училиште Скопје се нудат следните техники: сликање, печатење, текстил, скулптура, цртање и фотографија.

УМЕТНОСТ ЗА СИТЕ

Веруваме дека секој ја носи уметноста во себе на свој начин, па оттука, како дел од Програмата за понатамошен развој, ги поттикнуваме сите ученици да учествуваат на годишната изложба на Меѓународно училиште Скопје.

УМЕТНОСТА И ФОТОГРАФИЈАТА ВО НАСТАВНИОТ ПЛАН

Учениците може да изберат да изучуваат уметност на различни нивоа и од различни перспективи, вклучително и фотографија.

УМЕТНОСТА И ФОТОГРАФИЈАТА ВО НАСТАВНИОТ ПЛАН

Учениците може да изберат да изучуваат уметност на различни нивоа и од различни перспективи, вклучително и фотографија.

ПОСЕТИ И ПАТУВАЊА

Одделот за уметност организира чести посети во музеи, галерии, театри и опера во земјава и во странство.

ИЗЛОЖБИ

Одделот за уметност организира годишна изложба на Меѓународно училиште Скопје. Уметноста исклучително се вреднува и почитува во Меѓународно училиште Скопје. 

ДРАМА

Одделот за драма при Меѓународно училиште Скопје е подготвен за идните ѕвезди и за оние чијашто самодоверба се надградува преку учество во процесот на драма.

Учениците што покажуваат афинитет за драма, без разлика дали станува збор за актерство, режирање, пишување сценарија или дизајнирање костими и сценографија, нудиме можност да работат на својот талент и да ги развијат вештините што ќе ги инспирираат другите.

ДРАМА И ТЕАТАР

Нашиот наставен план им нуди на учениците можност да изучуваат драма и во текот на процесот да создадат свои ремек-дела. Како дел од програмата за драма и визуелни и изведувачки уметности, учениците, исто така, посетуваат театар за да го утврдат своето знаење.

Учениците може да ги истражуваат сите аспекти од драмата, како и самиот процес и претставувањето на драмата на сцена. Што се однесува до самиот театар, имаат можност да дојдат до непроценливо знаење во областа на практиките во театарот.

ДРАМА

Одделот за драма при Меѓународно училиште Скопје е подготвен за идните ѕвезди и за оние чијашто доверба се надградува преку учество во процесот на драма.

За учениците што покажуваат афинитет за драма, без разлика дали станува збор за актерство, режирање, пишување сценарија или дизајнирање костими и сценографија, нудиме можност да работат на својот талент и да ги развијат вештините што ќе ги инспирираат другите.

ДРАМА И ТЕАТАР

Нашиот наставен план им нуди на учениците можност да изучуваат драма и во текот на процесот да создадат свои ремек-дела. Како дел од програмата за драма и визуелни и изведувачки уметности, учениците, исто така, посетуваат театар за да го утврдат своето знаење.

Учениците може да ги истражуваат сите аспекти од драмата, како и самиот процес и претставувањето на драмата на сцена. Што се однесува до самиот театар, имаат можност да дојдат до непроценливо знаење во областа на практиките во театарот.

МУЗИКА

Одделот за музика при Меѓународно училиште Скопје има музика за сечиј вкус, за оние со голем потенцијал и знаење, како и за оние со ограничено музичко знаење бидејќи сметаме дека секој треба да добие поттик, инспирација и можност за да покаже врвни резултати.

УНИКАТНА МОЖНОСТ ДА СЕ УЖИВА ВО МУЗИКАТА ВО СИТЕ
НЕЈЗИНИ ФОРМИ

Одделот за музика при Меѓународно училиште Скопје им нуди на учениците уникатна можност да уживаат во музиката во сите нејзини форми и да научат за класичната и за популарната музика. Нашите часови им овозможуваат на учениците да го истражат својот интерес преку вклучување во групни или реализација на индивидуални активности.

КОНЦЕРТИ И ПАТУВАЊА

КОНЦЕРТИ

Во Меѓународно училиште Скопје веруваме дека сè што е постигнато преку напорна работа треба да биде прикажано. Според тоа, веруваме дека врвот за секој ученик, кој макотрпно го усовршувал својот музички талент, е да настапува и го вреднуваме ентузијазмот и желбата ученикот да учествува на јавни настани во организација на училиштето или на заедницата.

ПАТУВАЊА И ПОСЕТА НА КОНЦЕРТИ

Одделот за музика при Меѓународно училиште Скопје често организира посети на концерти во земјава и во странство.

СПОРТОТ ВО МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ

Спортот во Меѓународно училиште Скопје има значителен придонес во нашиот училиштен живот. Нашата цел е да се инвестира и во психичката и во физичката подготовка на учениците за да имаат одлични резултати во одреден спорт.

Веруваме дека најдобрите спортисти произлегуваат од комбинација на вежбање, упорност, развивање на вештините и верување во нив.

Покрај понудените спортови, училиштето им нуди можност на учениците да одберат од програмите, како што се велнес и доживотен фитнес.

ПРОМОВИРАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ – РАБОТА ВО ТИМ, ЛИДЕРСТВО И
СПОРТСКИ ДУХ

ЦЕЛИ НА ОДДЕЛОТ ЗА СПОРТ ПРИ МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ

    • Организирање натпревари и промовирање на вредностите, како што се работа во тим, лидерство и спортски дух;
    • Едуцирање на учениците за предностите што ги носи учеството во некој спорт;
    • Давање можности за учениците да стекнат вештини со кои  ќе можат да играат на регионално или национално ниво;
    • Застапени спортови: велосипедизам, фудбал, атлетика, планинарење, пливање, тенис, пинг-понг, кошарка, одбојка, ракомет, е-спорт и шах.

ЕЛИТНА ПРОГРАМА ЗА СПОРТ

Бидејќи сметаме дека учениците треба да станат најдобрата верзија од себе, во Меѓународно училиште Скопје има елитна програма за спорт каде што талентираните ученици имаат лична програма и го претставуваат училиштето во регионални и национални тимови. Учениците со талент за спорт се поттикнати да го следат и да го развиваат својот талент, додека истовремено се фокусираат на учењето.

Програмите што им се понудени на учениците се базираат врз нивните способности и ставови. Целта на секоја програма е да го помогне правилниот развој на физичката и психичката спортска способност на учениците.

Елитните програми за спорт се базираат на четирите темели на изведба: физичка подготвеност, психолошка подготвеност, развивање тактики и техники.

ЕЛИТНА ПРОГРАМА ЗА СПОРТ

Бидејќи сметаме дека учениците треба да станат најдобрата верзија од себе, во Меѓународно училиште Скопје има елитна програма за спорт каде што талентираните ученици имаат лична програма и го претставуваат училиштето во регионални и национални тимови.

Учениците со талент за спорт се поттикнати да го следат и да го развиваат својот талент, додека истовремено се фокусираат на учењето.
Програмите што им се понудени на учениците се базираат врз нивните способности и ставови.

Целта на секоја програма е да го помогне правилниот развој на физичката и психичката спортска способност на учениците.

Елитните програми за спорт се базираат на четирите темели на изведба: физичка подготвеност, психолошка подготвеност, развивање тактики и техники.

РАЗВИВАЊЕ НОВА ВЕШТИНА, ПРОБУВАЊЕ НЕШТО НОВО И
ИСТРАЖУВАЊЕ НОВИ МОЖНОСТИ

ЦЕЛТА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОНАТАМОШЕН РАЗВОЈ

Како дел од Програмата за понатамошен развој, нудиме многубројни активности што опфаќаат широк спектар на дисциплини, без разлика дали се поврзани со спортот, уметноста, музиката или изведбата.
Нивната цел е да понудат мотивирачки и необични активности што ги подготвуваат учениците  да развијат нова вештина, да пробаат нешто ново и да истражат нови можности.

Програмата за понатамошен развој при Меѓународно училиште Скопје е еден од начините на кој се осигуруваме дека учениците се подготвени за светот што ги очекува. Оваа програма на учениците им нуди:

– Да излезат надвор од својата комфорна зона и да се развијат како личности;

– Да се следи развојот на вештините на учениците;

– Да се следи напредокот на учениците и да се поттикнуваат да ја следат својата дарба за воннаставни активности;

– Да се следи академскиот напредок на учениците и да се поттикнуваат да продолжат да го истражуваат предметот во кој покажуваат одлични резултати;

– Учениците да се чувствуваат почитувани и ценети.

БРОЈНИ АКАДЕМСКИ КЛУБОВИ

БРОЈНИ АКАДЕМСКИ КЛУБОВИ

АКАДЕМСКО УСОВРШУВАЊЕ И ПОДДРШКА

Програмата за понатамошен развој нуди многубројни академски клубови за учениците да можат понатаму да ги истражуваат предметите и активностите што го предизвикуваат нивниот интерес.

Сите ученици се инспирирани да развијат посебна страст за одреден предмет или активност, нешто кон што покажуваат интерес и нешто по кое покажуваат извонредни резултати. Ние во Меѓународно училиште Скопје сметаме дека интересот и резултатите не треба да останат на тоа ниво и со тоа што ќе им ги претставиме академските клубови на учениците им даваме можност да го прошират своето знаење, да дадат сè од себе и да станат компетентни во областа за која се заинтересирани.

Нашите ученици можат да учествуваат во еден од следните клубови:

Клуб по математика Клуб на Шекспир
Клуб по физика Клуб на читатели
Клуб по информатика Културен клуб
Клуб по хемија Уметнички клуб
Клуб по биологија Фотографски клуб
Бизнис клуб Планинарски клуб
Клуб по политика Велосипедски клуб
Клуб за конверзација Шаховски клуб
Клуб за креативно пишување Клуб за табла
Книжевен клуб

АКАДЕМСКО УСОВРШУВАЊЕ И ПОДДРШКА

Програмата за понатамошен развој нуди многубројни академски клубови за учениците да можат понатаму да ги истражуваат предметите и активностите што го предизвикуваат нивниот интерес.

Сите ученици се инспирирани да развијат посебна страст за одреден предмет или активност, нешто по што покажуваат интерес и нешто по кое покажуваат извонредни резултати. Ние во Меѓународно училиште Скопје сметаме дека интересот и резултатите не треба да останат на тоа ниво и со тоа што ќе им ги претставиме академските клубови на учениците им даваме можност да го прошират своето знаење, да дадат сè од себе и да станат компетентни во областа за која се заинтересирани.

Нашите ученици можат да учествуваат во еден од следните клубови:

Клуб по математика Клуб на Шекспир
Клуб по физика Клуб на читатели
Клуб по информатика Културен клуб
Клуб по хемија Уметнички клуб
Клуб по биологија Фотографски клуб
Бизнис клуб Планинарски клуб
Клуб по политика Велосипедски клуб
Клуб за конверзација Шаховски клуб
Клуб за креативно пишување Клуб за табла
Книжевен клуб

ОПШТОКОРИСНА РАБОТА

Како дел од програмата на Меѓународно училиште Скопје, секоја година учениците се мотивираат да помагаат и активно да учествуваат во општокорисните активности. Целта на активностите е учениците да станат свесни за потребите на другите луѓе, да изнаоѓаат начини како да им помогнат и разумно да ги користат достапните ресурси.

ДОБРОТВОРНА РАБОТА

Инспирирани од уметноста на помагање на оние кои имаат потреба од тоа, Меѓународно училиште Скопје ги поттикнува и поддржува учениците и вработените на различни начини да се вклучат во сите видови доброволни и добротворни активности.

РАЗВИВАЊЕ ПРАКТИЧНИ ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Како дел од нашата Програма за понатамошен развој, ги поттикнуваме учениците да ги развијат своите практични животни вештини.

Програмата за понатамошен развој ја опфаќа и нашата намера да ги запознаеме учениците со идејата дека додека го прошируваат своето знаење, може да ги збогатат своите практични животни вештини.

Целта на оваа програма, како дел од процесот на учење, е учениците да станат независни и да им се помогне да го организираат своето лично време и навремено да ги завршуваат задачите и активностите.

ПРОЕКТИ

Академско пишување
Професионална ориентација
Иновации и претприемништво

Како дел од нашата програма, учениците имаат можност да ги слушаат следниве предмети организирани како проектни активности:

  • Академско пишување;
  • Професионална ориентација;
  • Иновации и претприемништво.

Целта на овие проекти во програмата е учениците да ги развијат своите вештини и да бидат подготвени за предизвиците што ги очекуваат во светот.

Програмата Академско пишување има цел да ги подготви учениците за какви било задачи што ја вклучуваат вештината за пишување. Во рамките на оваа програма учениците имаат можност да се запознаат со разни видови академско пишување, да ги научат правилата и да можат да напишат добро структуриран и поткрепен текст.

Програмата за Професионална ориентација е креирана за да ги најде квалитетите и способностите на учениците и да ги насочи во вистинскиот правец земајќи ја предвид надареноста и афинитетите на учениците. Меѓународно училиште Скопје има цел да ги мотивира и понатаму да ги развиваат вештините и знаењето што ќе им требаат за да го продолжат образованието.

Целта на програмата Иновации и претприемништво е учениците да можат да ја искажат својата креативност и способноста да бидат иновативни. Како дел од овие проекти, учениците ќе го истражат светот на иновациите, организацијата, планирањето и спроведувањето на зацртаните планови. Тие ќе научат да го ценат резултатот од напорната работа и решителноста да постигнат одредена цел.

Претприемништво и бизнис-проект

Покрај клубовите, чија цел е да го прошират интересот на ученикот, исто така, има додатни активности, чија цел е да им помогнат на учениците да ги надминат тешкотиите со кои се соочуваат по одредени предмети. За постигнување повисоко когнитивно ниво учениците ќе имаат можност да ги презентираат своите вештини преку проектите во рамките на предвидените додатни активности.